Познати

Бијонсе е најплатена пејачка за 2017 година

Американската пејачка Бијонсе се најде на првото место на листата на Форбс на најплатени жени во музиката, со заработка од 105 милиони долари.

Албумот “Lemonade” е одлично прифатен и од публиката и од критичарите, а истиот допринел многу за вртоглавата заработка. Пејачката е на прво место на оваа листа по шести пат, а нејзината светска турнеја достигнала заработка од четвртина милијарди долари.

Адел која во февруари доби Греми за албум на годината, се наоѓа на второто место на листата со заработка од 69 милиони долари. Тејлор Свифт е трета со 44 милиони, а Селин Дион четврта со два милиони долари помалку односно 42 милиони.

Џенифер Лопез заработила 38 милиони долари, а следува Доли Партон со 37 милиони и Барбара Стрејсенд со заработка од 30 милиони долари.

Иако заработиле двоцифрен број на милиони, Мадона, Лејди Гага, Селена Гомез и Ариана Гранде останаа без позиции на оваа листа.