Познати

Анџелина Џоли има ново момче, размислува за брак

Анџелина  Џоли после развоводот со Бред Пит не остана долго време сама, тврди магазиот „Ин Тач“, пишувајќи дека таа веќе впловила во нова романса.

Анџелина наводно веќе неколку месеци е во врска со момче кој е познат филантроп, а го запознала минатата година во Лондон. Иако ова врска се држи се уште во тајност, Анџелина сака новиот партнер да го запознае со децата.

– Јасно е дека Бред секогаш ќе им биде татко на нејзините деца, но сепак сака да им го претстави новото момче. Таа сакаше прашината што се крена околу разводот да слегне, па да воведе нов маж во нивните животи, а постои можност запознавањето да се случи веќе наредната недела. Таа особено е загрижена како ќе реагираат Медокс и Пакс, тврди извор од магазинот.

Од друга страна, добро информирани извори тврдат дека Бред Пит не ја примил добро оваа вест.

– Информацијата го шокираше Бред. Тој не знаеше дека Анџелина се гледа со друг, а уште и да размислува за брак, рече изворот, додавајќи дека Бред засега не сака да го запозне нејзиното ново момче.