четврток, 26. април 2018. Вести денес: 156
home Познати

Ана Севиќ ја откри причината за разводот: Дарко никогаш не е дома, а мене постојано ми пишуваат момчиња

Ана Севиќ ја откри причината за разводот: Дарко никогаш не е дома, а мене постојано ми пишуваат момчиња

Водителката и пејачка на „Гранд“ за српските медиуми проговори искрено за својот брак, за кој сите пишуваат дека е готов.

Ана Севиќ околу новогодишните празници во својот дом ја прими екипата од емисијата „Ексклузив“, во која искрено говореше за својот брак.

-Тој никогаш не  е дома и чудно ми е кога е тука, призна Ана и додаде дека момчиња и се додворуваат преку социјалните мрежи, иако знаат дека е мажена.

-Постојат луѓе кои со години ми праќаат секакви пораки. Јас велам: „Бог да го благослови оној кој ја измислил опцијата блок“, изјави Севиќ и додаде дека не готви и дека и по неколку години брак и понатаму се хранат по ресторани.