вторник, 11. декември 2018. Вести денес: 34
home Познати

Аделина Тахири за прв пат го покажа трудничкото стомаче (ФОТО)

Аделина Тахири за прв пат го покажа трудничкото стомаче (ФОТО)

Пејачката Аделина Тахири неодамна на својот Инстаграм профил преку интересна фотографија и статус најави на јавноста дека наскоро ќе стане мајка.

Таа и нејзиниот сопруг, кој е познат адвокат од Скопје се венчаа кон крајот на минатата година, а ова е нивно прво заедничко дете, иако тој има и ќерка од првиот брак.

Тогаш на медиумите Аделина им откри дека е во 14. недела од бременоста, а преку фотографиите откри и дека носи машко дете. Но освен домашните и најблискиот круг на пријатели, никој ја немаше видено пејачката како изгледа како трудница… се’ до денес!

Имено, згодната Албанка во приказните на својот Инстаграм профил за прв пат објави селфи фотографија на која иако седи во својот автомобил, сепак јасно се гледа нејзиниото трудничко стомаче, која ексклузивно ви ја презентираме.

И покрај бременоста пејачката засега изгледа како да не добила на тежина, така што вишокот килограми и да ги има, не и се забележуваат. Освен во пределот каде што е нормално и очекувано – трудничкиот стомак на убавата Аделина.

Извор: Вистина