среда, 25. април 2018. Вести денес: 0
home Музика

Замина прерано: Познатиот македонски фолк пејач почина на само 43 години

Замина прерано: Познатиот македонски фолк пејач почина на само 43 години

Почина познатиот пејач од Кавадарци Зоран Дамјанов, кој долги години пееше и твореше на македонската музичка фолк-сцена.

Неговите пријатели и колеги преку социјалните мрежи веќе се опростуваат, со коментари дека веќно ќе го паметат како еден од најталентираните македонски пејачи.

Причинaта за смртта досега не е позната.

Има неколку албуми зад себе, а познат беше по хитовите ,,Цветанке моја’’ ,,Кога би знаел каде си’’ ,,Птицо сребрена,, и други. Песната ,,Пак ме чекаш и не заспиваш’’ ја посветил на сопругата Мери, за која велеше дека му е најголема поддршка во животот и била крај него и во добро и во лошо.