Музика

ВИДЕО: Уште една преработка на стара македонска народна песна

Фолк пејачот Далибор Ѓошиќ денеска пред преставниците на медиумите го промовираше вториот сингл и спотот за истиот од проектот „Ајде сонце зајде“, проект во кој се обработуваат стари македонски народни песни.

daki

Станува збор за песната „Стамена“, а на целиот овој проектот работат докажани и признаени музички имиња од Македонија, како Сашо Ливрински, еден од најпознатите македонски композитори, кој се јавува како обработувач на песните, кои ќе се најдат на овој албум.

1daki

Пред нешто повеќе од месец и половина, со големата промоција на „Ајде сонце зајде“, првата песна и спот од овој албум, Далибор само најави плодна година, во која дел по дел, ќе биде испромовиран целиот албум. Токму на оваа промоција беше во живо отсвирена песната „Стамена“, а делови од тој настап се искористени во новиот спот.