петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 119
home Музика

ВИДЕО: Прилепчанката Елена Јовческа приреди забава за паметење кај нашинците во Торонто

ВИДЕО: Прилепчанката Елена Јовческа приреди забава за паметење кај нашинците во Торонто

Естрадната фолк пејачка од Прилеп Елена Јовческа, за Новогодишната ноќ настапуваше помеѓу македонската дијаспора во Торонто Канада и приреди забава за паметење.

Јовческа на својот Фејсбук профил објави видео на кое таа го изведува својот познат хит “Горда прилепчанка”, a oколу неа се вие македонско оро.

Пејачката често настапува во далечните Австралија, Америка и Канада, а нејзините настапи се проследени од голем број гости и секогаш изобилуваат со многу забава и добра македонска музика.