Музика

ВИДЕО: Oва е српската претставничка на „Евровизија“

„In too deep“ е песната со која Србија годинава ќе се претстави на 62. избор за песна на „Евровизија“ во Киев, Украина. Боите на нашите соседи ќе ги брани 35-годишната Тијана Богичевиќ.

Изборот токму таа да настапува во мај, е на уредниците на музичката редакција во РТС. Нејзината кариера започнала како пратечки вокал за Владо Георгиев, а солистички почнала да настапува во 2009.

Тијана живее и работи во Бостон, а искуство на евровизиската сцена стекнала како пратечки вокал во 2011 година, кога за Србија пееше Милан Станковиќ.

1tijana6

Вчера се снимаше видеоспотот за песната која наскоро ќе биде промовирана.

Македонската песна за „Евровизија“, во изведба на Јана Бурческа, ќе биде промовирана вечерва во емисијата „Плеј“ на МРТВ.