Музика

ВИДЕО: Oливер и Џибони со порака до македонската публика

Во пресрет на најавениот заеднички концерт, прв и едниствен, Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони испратија видеопорака за сите нивни македонски фанови.

oliver-i-djiboni5

– Ова е мојот пријател Оливер тој ќе ги поздрави женските, а мене ми остануваат мажите… Значи, драги Македонки, драги Македонци дојдете на концерт во Арена на 4 март… Така е, бидете дел од нашата фамилија концертот ќе биде одличен. 50 години кариера на Оливер и 30 моја, па кога сето ќе се стави во четири часа, тoa ќе биде чудо. Заедно ќе ни биде убаво и сите ќе пееме – велат Оливер и Џибони.

Заедничкиот концерт на Оливер и Џибони на кој на македонската публика ќе и го претстават проектот „Фамилија” е закажан за 4 март во арената „Борис Трајковски“, а истиот е во организација на „Гуливер милс“.

„Фамилија” е проект инспириран од нивни животни приказни и случки, а на концертот освен новите теми Оливер и Џибони, прв и засега единствен пат во ваков состав во Скопје, ќе ги отпеат и своите најголеми хитови.

Билетите за концертот се во ограничен број, а истите се продаваат по цена од 900 денари за седење на трибини, 1.000 на мобилни трибини и партер и 1.500 денари се ВИП влезниците.