Музика

ВИДЕО: Нашиот Зоран Стефаноски со свој трет музички проект

Официјално Кичевецот Зоран Стефаноски го објави својот трет музички проект.

Досега има снимено два успешни проекти за кои секојдневно добива позитивни коментари, како од своите пријатели така и од музичките познавачи. Член е на авторските бендови Melissa и Vehementor и е сезонски тапанар и во охридскиот хардкор бенд Hardfaced.

-Ова е мојот трет музички проект насловен како Empire Of Slaves. Исто така зад мене имам оставено уште два проекти насловени како The Beginning и Between Passion And Suffering. Името е дојдено од тоа што сме реално една голема империја на робови. На моите песни свирам гитара, бас гитара и тапани. Член сум и на авторските бендови Melissa и Vehementor исто така сезонски тапанар и во охридскиот хардкор бенд Hardfaced. Имам мои 8 песни снимени, па чекор по чекор ќе бидат официјално извадени во етер и ќе оди песна по песна со видео на овој начин. Ова го правам од љубов, музиката ми е се, вели Зоран за Курир.Сите три проекти Зоран ги снимил со помош на своите пријатели, Славе Викторијоски е одговорен за видеото, а за аудиото Охриѓанецот Зоран Кречо.

И за крај  Зоран порача: „Живеј си го сонот и биди упорен, секогаш барај начин да останеш мотивиран без разлика колку демотивација има околу тебе“.