Музика

ВИДЕО: Лепа Брена Ве кани вечерва во Охрид на Градиште 2

Најголемата ѕвезда на екс ју просторот Лепа Брена вечерва ќе одржи спектакуларен концерт во Охрид на плажата Градиште 2.

На сцената, Брена ќе ги отпее сите свои големи хитови од неколку децениската кариера, со посебен акцент на поновите песни.

-Мора да признаам дека последен пат бев овде пред 30 години, Охрид сега толку убаво се променил и изгледа боженствено… Секогаш на репертоарот може да има и некој македонска песна бидејќи сите ние знаеме колку е убава македонската музика, истакна Брена.

За атмосферата пред официјалниот старт на концертот ќе се погрижи Жаре Бербер, кој ќе настапи со својот бенд, а кој го придружува на сите свирки.

Балканската фолк кралица вечерва Ве очекува на нејзиниот концерт на Градиште 2 во Охрид!