Музика

ВИДЕО: Еве како изгледа долгонајавуваниот спот на Елена Велевска!

Фолк пејачката Елена Велевска најпосле го промовираше спотот за нејзината нова поп-песна насловена „Погледни ме за крај“. По многуте најави песната доби и екранизирана верзија, па сега публиката има можност да ја слуше, но и види Елена како звучи и изгледа кога пее забавно.

Пејачката реши да се проба во нов музички стил, но тоа не беше случај и со изгледот во новиот спот, па остана верна на својот имиџ по кој ја препознаваат обожавателите. По премиерата на социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб, Елена е задоволна од гледаноста што ја направи видеото за само неколку дена.

Имено, музиката и аранжманот  се дело на Роберт Билбилов, текстот го потпишува Огнен Неделковски, додека режијата и сценариото на спотот се на „Томато“ продукција.