Музика

ВИДЕО: Адел збесна во Австралија

Адел викендов одржа концерт во австралискиот град Бризбејн, каде покрај песните кои ги изведе, говореше и за својот брак, но во еден момент збесна поради комарец што ја „нападна“ и непрекинато се вртеше околу неа.

adel

Британската пејачката буквално се избезуми кога го виде малиот „напасник“ на раката, па почна во паника да говори неразбирливо…

– Извинете, но јас не сум од Австралија, јас мрзам инсекти! Насекаде се! Се обидуваат да ме убијат…, рече Англичанката.