Музика

Вејчеслав Поповски со гордост ве поканува на незаборавна забава во својот крај на најубавиот Етно плоштад фестивал Берово, градот на културата за 2017 година

Општина Берово ја продолжува традицијата на еден од најубавите фестивали во Источна Македонија, Етно плоштад фестивал.

 

-Ми претставува гордост што Општина Берово и оваа година ја продолжува традицијата на еден од најубавите фестивали во источна Македонија Етно плоштад фестивал. На 26 и 27 август со огромно задоволство Ги поканувам сите љубители на убавата музика, чистиот планински воздух и прекрасните Малешевски специјалитети да дојдат и да уживаат во Берово, се вели во поканата од Вејчеслав Поповски.

Инаку Поповски доаѓа од беровскиот крај, па поради тоа велли дека особену му е драго што ќе јаима честа да настапи оваа година на Фестивалот, каде ќе има солистички концерт.

– Уште повеќе ми е драго што ја имам можноста да дадам придонес да го претставиме Берово и Малешевијата со сите нејзини квалитети и убавини со кои заслужено оваа година го носи епитетот Берово Град на културата за 2017 година. За првпат имам чест да настапам со прекрасен бендод врвни музичари ( Дионис Стратов-бас гитара, Оливер Дуев-тапани, Стефан Миладинов-гитара, Филип Стефановски, клавијатури и тромбон и Борислав Веселинов- саксофон) со кои заеднички ќе Ви приредиме незаборавна забава. Специјална гостинка на концертот е мојата колешка Тиана Димова, а забавата нема да биде целосна без прекрасните пратечки вокали професорките Ана Костадиновска и Сара Николовска, вели Поповски.

Оваа година фестивалот ќе понуди со сигурност вистинска забава со учество и на нашите познати македонски уметници: Љубојна, Слаткаристика, Даниел Кајмаковски, Елена Велевска и Ефто Пупиновски. Двата фестивалски дена ќе завршат со голема постфестивалска журка со едни од најдобрите ДиЏеи на балканот, нашиот DJ Nikifor и DJ Emma од соседна Бугарија.

Дојдете и уживајте во чист планински воздух, здрава храна, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и сувенири и со сигурност најдобра музика.

Несомнено е дека Етно плоштад фестивалот и Берово следната недела ќе биде омилената културна дестинација на многу културни сладокусци.