Музика

Се разведува Џенет Џексон, само три месеци по породувањето

Пејачката и актерка Џенет Џексон се разведе од катарскиот милијардер Висам ал Мана, само неколку месеци откако се породи со нивното прво дете Еиса.

MILAN, ITALY - FEBRUARY 21:  Janet Jackson and Wissam al Mana attend the Sergio Rossi presentation cocktail during Milan Fashion Week Womenswear Fall/Winter 2013/14 on February 21, 2013 in Milan, Italy.  (Photo by Vincenzo Lombardo/Getty Images for Sergio Rossi)

Весникот „Daily Mail“ објави дека двојката одлучила да се разведе после пет години брак.

„За жал, Џенет и Висам се договорија секој да продолжи по свој пат. Двајцата се многу зафатени, но се одлучни да бидат добри родители без разлика што се разведуваат. Нивниот син Еиса најверојатно ќе остане со мајка му која моментално е во Лондон“, рече извор за весникот.

Помладата сестра на поп-легендата Мајкл Џексон се омажи за катарскиот милијардер во 2012 година.

Џексон претходно беше во брак со пејачот Џејмс де Барџ со кој се омажи во 1984 година, а се разведе само една година подоцна.

Џексон го роди синот Еиса на 3 јануари, на 50 годишна возраст, и ја одложи светската турнеја во 2016 година за да се фокусира на мајчинството.