Музика

Промоција на евровизиската песна на Јана Бурческа на 10-ти март

Евровизиската песна со која што Јана Бурческа ќе ја претстави Македонија на 62-тото издание на Изборот на песна за Евровизија, во мај во Киев ќе биде официјално промовирана со видео запис во емисијата Стисни Плеј на МТВ на 10-ти март, со почеток во 20 часот и 15 минути.

jana burce

Во текот на емисијата ќе бидат откриени и сите позначајни детали околу авторскиот и креативниот тим на годинешниот евровизиски пакет ( песна, спот, сценски настап, кореографија и стајлинг), а со публиката ќе бидат споделени и ексклузивни видео материјали од процесот на снимањето на песната и спотот, како и сите останати евровизиски активности на коишто се работеше во изминатите два месеца.

Јана Бурческа настапува на 11-ти мај во првата половина на Второто Евровизиско полуфинале, а дополнително се очекува од продуцентите на шоуто да биде одреден и конечниот редослед.