Музика

По светски терк: Новиот спот на Елена за „Tequila & Lemon“! (ВИДЕО)

Пејачката Елена Ристеска синоќа го промовираше спотот за својата нова песна „Tequila & Lemon“.

Спотот е по светски терк, со многу девојки, танцување и плажа, во стилот на светската ѕвезда Бијонсе.

Текстот е на пејачката, а Дарко Димитров влезе во улогата на продуцент, композитор и аранжер. Спотот е снимен во Грција. За неколку дена ќе биде објавена и новата верзија на песната со Емина Јаховиќ.

„Драги фанови и сите оние кои низ годините ја следат мојата работа. Со огромнo задоволство ви го најавувам моето најново видео за песната “Tequila & Lemon”. Реализацијата на вакви проекти претставува долг и сложен процес кој вклучува организација и координација на огромен број на луѓе одговорни за разни нешта. Од таа причина, ова видео не би постоело без неколку важни алки кои допринесоа да го реализираме. Секое музичко видео мора да има добра подлога односно песна а во случајов за “Tequila & Lemon” Дарко Димитров е тој кој се појавува како продуцент, композитор и аранжер, потоа “Effective Records” од Русија кои се издавачите на песната и спотот и промотери на истата за европски пазар, Милош Николиќ ја отсвире трубата, додека пак јас, самата се појавувам како текстописец.За реализација на видеото се одговорни многу лица меѓу кои особен придонес имаат: CleanCut Production, кои се всушност продукцијата која го изработи, потоа, моите BeatrixCrew кои како и секогаш се погри жија за одличната кореографија и за тоа одлично да изгледа самото дејствие. Секако, за мојата фризура и шминка се одговорни незаменливиот @Daniel Nikolovski и Снежана ,а за главниот стајлинг се погрижи Јелкица Поповска, додека за останатите стајлинзи јас и Битрикс. За топло добредојде во Грција е одговорна мојата пријателка Славица, која несебично го згрижи целиот тим. Во видеото се појавуваат танчерите од Битрикс: Ивана Балабанова, Леонардо Хусеини, Мартин Иванов, Ана Марија Темелковска, Јана Петровска, Стефани Пецалевска, Андреа Дуковска, Мелани Монева и Зана Незири, а како статисти ги гледаме: Диме, Исидора, Ивана, Тамара, Филип, Серџо, Мерсиха, Ева, Бети, Маја и Никола. За крај, посебна благодарност би им изразила на оние фирми и брендови кои континуирано ја поддржуваат мојата работа.
Елеонора Неделковска и Чичко Гала ви благодарам од срце за константната пожртвуваност и професионалност“ – напиша Елена на својот Фаејсбук профил промовирајќи го премиерно спотот.