Музика

ОВА НЕ СЕ ПРОПУШТА: Неповторливите „Фрајле“ во сабота со концерт во Охрид! (ВИДЕО)

На 5-ти август (сабота) на плажата Градиште 2 настапува извонредниот новосадски состав „Фрајле“, кој ветува неповторлива и незаборавна забава. Почетокот на концертот е во 21 часот. Влезниците за дружбата со девојките кои се вистинска сензација во претпродажба ќе се продаваат по цена од 500 денари.

 

Популарната новосадска четворка „Фрајле во моментов се на летна турнеја низ регионот, во чии рамки го промовираат материјалот од својот нов албум „Љубав на дар“, објавен во април годинава. Августовскиот дел од турнејата им започнува утре, со настап во Корчула, а продолжува в сабота, 5 август, на плажата Градиште 2 во Охрид.

-Едвај чекаме да дојдеме во Охрид. Минатата година имавме незаборавна дружба во градот под Самоиловите тврдини и не се ни сомневаме дека и годинава ќе си заминеме со исто толку убави спомени, велат „Фрајлите“.

Влезниците за концертот се во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, лаунџ барот „Ноа“ во Охрид, на самата плажа, станица Стража и ресторанот „Острово“.

Бендот е основан летото 2009 година и во него членуваат Марија Мирковиќ, Наташа Михајловиќ, Невена Буча и Јелена Буча. Пред основањето девојките биле распределени по различни бендови. После првите заеднички свирки, сфатиле дека на луѓето им се допаѓа тоа па затоа почнале да работат заедно. На Бендот му го дале името Фрајле како би го означиле Војводинското поднебје, од каде и што доаѓаат.

Брзо после основањето, бендот стана интернет сензација. Со поставувањето на поп, рок, соул и R&B обработки, настапи по клубови , Фрајле успеаа многу брзо да го привлечат вниманието на медиумите. Фрајле се познати и по својот препознатлив стил на облекување, со кој се обидуваат да ги вратат старите времиња. Што се однесува до нивниот музички стил, тој е окарактеризиран на повеќе начини.

По повод настапот на „Фрајле“ во сабота на Градиште 2, бродот „Александрија 1“ ќе воведе специјална линија од Охрид до Градиште. Пoаѓањето ќе биде во 21 часот од градското пристаниште во Охрид, а враќањето од Градиште ќе биде во 1 часот по полноќ.