Музика

Нов скандал на Евровизија: Украина и забрани три години влез на руската преставничка!

Русија остро реагираше на украинската забрана за пристап на руската претставничка во Киев за натпреварот за песна на „Евровизија-2017“.

Yulia-Samoilova-677x316_c

– Ова е уште еден скандалозен, циничен и нехуман чин на киевските власти, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Григориј Карасин.

Претходно денеска, украинските власти и забранија пристап, во период од три години, на руската претставничка за „Евровизија-2017“ Јулија Самојлова. Овогодишниот натпревар за најдобра песна ќе се одржи во мај во Киев.

Документот за забраната бил подготвен од Службата за безбедност на Украина.

Оваа одлука била донесена поради учеството на Самојлова на концерт во Крим во 2015 година.

Според Службата за безбедност на Украина, пејачката го прекршила декретот на Министерскиот совет на Украина, според кој странците треба да добијат посебна дозвола за посета на полуостровот Крим. Овој декрет е донесен откако полуостровот беше анексиран од Русија.