Музика

Не заборавајте – сабота 29 јули Градиште, концерт на ЛЕПА БРЕНА!

Во пресрет на саботниот, спектакуларен концерт на најголемата ѕвезда на екс ју просторот Лепа Брена сакаме да ве известиме дека за атмосферата пред официјалниот старт на концертот ќе се погрижи Жаре Бербер, кој ќе настапи со својот бенд, а кој го придружува на сите свирки.

Според предвиденото Жаре би требало да го стартува својот дел некаде околу 21 часот.

Колку за потсетување, концертот на Лепа Брена е закажан на плажата Градиште 2 во Охрид, во сабота на 29 јули. Билети во претпродажба има по цена од 600 денари, и тоа преку мрежата на Купикартизасе, Станица Стража, плажата Градиште, Острово – Свети Наум и ланџ бар Ноа во Охрид. На вратата цената на влезниците ќе биде повисока. Освен што концертот ќе може да се следи од самата плажа, за оние кои се љубители на возењето со брод отворена е и можноста во безвременските хитови на Лепа Брена да уживаат и од брод. Картата за оваа авантура чини 1 200 денари.

На сцената Брена ќе ги отпее сите свои големи хитови од неколку децениската кариера, со посебен акцент на поновите песни.

Можеби за вас ќе биде интересно тоа дека иако е огромна ѕвезда нема посебни барања од организаторите, па освен да има вода на сцената изрази желба после долги години единствено да проба охридска пастрмка, која и останала во сеќавањето. Брена кога е во прашање организацијата на концертите најмногу внимание посветува на техничкиот дел и речиси целата рајдер листа и е посветена на тоа.

“Мојата рајдер листа секој пат е одраз на она што навистина во тој момент ми треба, а не одраз на ѕвездениот момент”, вели Брена.

Балканската фолк кралица утревечер Ве очекува на нејзиниот концерт на Градиште 2 во Охрид!

Се гледаме на Градиште!

Не заборавајте, сабота 29 јули Градиште, концерт на ЛЕПА БРЕНА – Жаре Бербер за загревање на атмосферата.