Музика

НА ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СИТЕ: Германската претставничка на Евровизија заврши во рацете на македонскиот убавец! (ФОТО)

Годинава на Евровизија Германија ќе ја претставува младата прекрасна русокоса Изабела Левина со песната „Perfect life“.

IZABELA

Таа деновиве во рамките на промотивната турнеја гостуваше и во Македонија.

1izabela

Нашата претставничка Јана Бурческа се покажа како одлична домаќинка и заедно со Левина имаше настап во еден скопски локал. Младите талентирани пејачки направија одлична атмосфера судејќи по фотографиите што осамнуваа на социјалните мрежи денови потоа.

2izabela

Левина покрај овој настап имаше и гостување во емисијата „Стисни плеј“. За оваа пригода таа комплетно се препушти на магичните раце на стилистот Александар Билјановски Дадар, кој дополнително ја истакна нејзината убавина, но успеа да ја задржи нејзината природна нота во изгледот.

3izabela

4izabela

5izabela

Сигурни сме дека на нашиот убавец и не му претставувала оваа работа потешкотија бидејќи станува збор за вистинска германска убавица.

Слушнете ја нејзината песна за Евровизија!

Вистина.мк