Музика

Македонија горда: Младиот Дамјан Димевски добитник на Гран при на музички фестивал во Турција (ФОТО)

Даме беше ѕвездата од нашиот клас не претставуваше насекаде со својот глас. Со девојките си немаше мака и ги имаше колку сака. Вака соучениците го опишаа музичкиот талент Дамјан Димевски на кој се бескрајно горди.

Младиот Дамјан е добитник на Гран при на „International art festival“ во Анталија со што на Македонија и донесе уште една победа и уште еден огромен успех. На натпреварот во силна конкуренција од 53 учесници од повеќе земји, Дамјан ги изведе композициите „Тајно Моја“ од Тоше Проески и модерна верзија на легендарната „Море сокол пие“.

Негова љубов е клавирот и кларинетот, а со неговите вокални способности моментално уживаат сите гледачи на српското талент шоу „Неки нови клинци“.

Со секоја изведба го фасцинираше жирито и токму затоа влезе во финалето на ова српско шоу кое веруваме дека на еден ваков талент ќе му даде можност да почне своја музичка кариера.