Музика

Легендарниот џез состав „THE CHICK COREA ELEKTRIC BAND“ на 2ри јули во Метрополис Арена

Легендарниот Џез состав предводен од култниот џез пијанист,”THE CHICK COREA Electric Band” на 2 ри јули ќе гостува во Скопје. Во склоп на оваа ексклузивна светска турнеја и македонската публика за прв пат, ќе има шанса да го слушне во живо проектот, кој засекогаш ќе остане како дел од музичката револуција во џез музиката..

metropolis-koncert5

The Chick Corea Elektric Band е еден од неколкуте џез состави који дефинитивно внесоа револуција во самата уметничка форма во џез музиката.Нивниот истоимен деби албум од 1985г,пристигна како гром од ведро небо,спојувајќи неколку правци,џез,рок,латино и фанк.
Овој класичен квинтет состав:

Овој класичен квинтет состав:

Chick Corea –Пијано

Dave Weckl– Тапани

John Patitucci– Бас

Eric Marienthal– Саксафон

Frank Gambale– Гитара

Во текот на осумдесеттите и деведесеттите години Chick Corea Elektric Band издадоа неколку албуми, кои  што извршија огромно влијание од Хип Хоп музиката, до сите најдобри  џез музичари  на денешнината.

Chick Corea  е пијанист,композитор и лидер на бендот, член на џез “Hall of Fame” и NEA Jazz Master, е еден од уметниците со најголем број на номинации во историјата на Grammy со дури 63 номинации и 22 освоени награди. Компонира  музика од класичен стил до авангарда, bebop до jazz-rock fusion, детски песни до камерни и симфониски дела, или како што New York Times го дефинира “Chick е светлост на врелата и вечна младост.”

Сите информации за продажбата и цените на влезниците наскоро.