Музика

Легендарната „На Велигден“ од ЏОКСИ, овојпат во женска етно-џез верзија на ПЕПА ДИМИТРОВА (ВИДЕО)

Дамата која минатата година направи вистинска фестивалска жетва собирајќи ги сите поважни фестивалски награди во Македонија, поп пејачката Пепа Димитрова ја препеа легендарната тема „На Велигден“ која оригинално ја испеа Џина Папас Џокси во почетокот на 90-ите години од минатиот век.

pepa

Овојпат Пепа Димитрова ни ја представи познатата песна на Џокси, „На Велигден“ во една нова, модерна, етно-џез верзија, преточена во познатата приказна , но овој пат доживеана “од женски агол“.

На Велигден ми е една од омилените македонски евергрин песни.„Иницијаторот беше Џокси, кој по настапот на ланскиот Охрид Фест, ми рече дека му се допаѓа бојата на мојот глас и дека би сакал да ја препеам неговата песна. Чувствував голема одговорност и дадов се од себе да ја испеам песната во едно модерно руво, онака, како што јас ја чувствувам, во еден малку, помодерен ритам, а сепак да не избегаме многу од оригиналот“ – изјави Димитрова непосредно пред самата медиумска промоција на песната.

1pepa

Инаку песната е снимена во  студиото „Ентерпрајз“ на Валентино Скендеровски, под водствто на Дамир Имери, додека видеото е снимано под продуцентската палка  на “Енигма продукција “. Режијата ја потпишува Дарко Масларковски, а зад камерата е Кристијан Тодоров. Монтажата е дело на Жарко Масларковски, додека за колор корекциите и постпродукција се погрижи Љупчо Спировски.

2pepa

Во видеото како специјални гости се појавуваат  неколку врвни и познати македонски музичари, меѓу кои Кире Кузманов на саксофон и Стефче Стојковски на гајда, кавал и мандолина.

Вистина.мк премиерно Ви ја претставува новата, женска етно-џез верзија на темата „На Велигден“ и видеото за неа, во изведба на Пепа Димитрова: