Музика

Ќе ечи македонска музика: „Љубојна“ за првпат со концерт во Белград (ФОТО)

Етно групата „Љубојна“, која ја негува македонската традиционална музика, за првпат ќе одржи концерт во Белград на 23 февруари во Дом на синдикати.

Белград ќе ечи од песна и радост со многу музика и најголемите хитови на „Љубојна“. Покрај богатиот оркестар сочинет од многу музичари соработници на „Љубојна“,  како специјални гости на концертот ќе се појават неверојатниот Влатко Стефановски, трубачот од светска класа Џамбо Агушев и белградскиот џез-музичар и пијанист Васил Хаџиманов.

Генерални спонзори на концертот се Министерството за култура, „Зегин“, „Тиквеш“ и модната куќа „Елена Лука“.

Доколку се уште не сте обезбедиле билети, тоа може да го сторите на благајната во „Дом на синдикати“.