Музика

Карлос Сантана: Мојот коментар за Бијонсе е изваден од контекст

Откако сите медиуми ја објавија изјавата на Сантана дека Адел ја добила наградата за најдобар албум затоа што знае да пее, што беше протолкувано како негов став дека Бијонсе не знае да пее, тој рече дека е изваден од контекст.

 

karlos santana

– Со сета почит кон нашпата сестра Бијонсе. Таа е многу убава… но не е пејачка.

Оваа изјава ја пренесоа сите медиуми и одекна како став на легендарниот Карлос Сантана дека Бијонсе не знае да пее. Но, еден ден подоцна тој ја дообјасни својата изјава, преку пост на Фејсбук.

– Би сакал да го објаснам коментарот кој беше пренесен од интервјуто што го дадов за некои шоу – програми во Австралија и Нов Зеланд. Мојата намера беше да и честитам на Адел на нејзината извонредна вечер на Греми наградите. Мојот коментар за Бијонсе за жал беше изваден од контекст. Јас имам најголема почит за неа како уметник и како личност. Таа ги заслужува сите признанија што ќе и бидат доделени. И посакувам на Бијонсе и на нејзиното семејство се најдобро!

Бијонсе досега има освоено 22 Греми награди но никогаш за Албум на годината, иако била номинирана три пати. Нејзините фанови сметаат дека тоа не е фер а некои дури мислат дека причина за ова е расната нетрпеливост. Адел, која годинава ја доби таа награда, ја скрши статуетката на половина и рече дека не ја заслужува, и дека требало да и биде доделена на Бијонсе.