Музика

Јелена Розга промовираше нова песна и видео: Модерна жена на „Жилети“

Хрватската поп дива Јелена Розга вчера точно напладне ја објави својата нова песна и видеото за неа  насловена „Жилети“.

Судејќи според слушнатото и виденото Розга и нејзиниот тим и натаму без да промашат продолжуваат да прават нови хитови.

rozga

Така песната „Жилети“ само за неколку часа од нејзиното промотивно пуштање во медиумите собра илјадници прегледи. Инаку станува збор за уште еден сингл, симнат од неодамна појавениот новиот албум на хрватската пејачка, насловен „Модерна жена“.

1rozga

Овојпат зад авторството на новата песна стои името на Саша Лазиќ, додека аранжманот на „Жилети“ го потпишува Аца Крсмановиќ.

2rozga

Режисер на спотот е Дарио Радушин, а во него за ексклузивниот изглед на сексапилната Розга се погрижиле салонот Фрањиќ-за фризурата и Саша Јоковиќ за мејкапот на пејачката. Фотографиите вообичаено се дело на фотографот Џон Павлиш.

3rozga

„Песната ’Жилети’ е една од оние кои предизвикуваат бурна реакција, тоа е игра на судбината, една љубовна приказна, која овој пат нема среќен крај. За жал, не секоја љубовна приказна завршува  среќно“ – изјави Јелена Розга ексклузивно за Вистина.мк по повод промоцијата на песната и видеото кое можете да го погледнете во продолжение.