понеделник, 22. октомври 2018. Вести денес: 106
home Музика

ФОТО: Големата балканска ѕвезда за првпат доаѓа на концерт во Скопје

ФОТО: Големата балканска ѕвезда за првпат доаѓа на концерт во Скопје

Познатата балканска музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ на голем солистички концерт за прв пат во Скопје.

Единствената српска победничка на најголемиот музички настан – Евровизија, одлучи да ги израдува сите свои фанови од Македонија.

QUALITY over quantity 💪🏻👆🏻🤛🏻

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on

На 17. Март 2018 година во Вип Арената Борис Трајковски, поп пејачката ќе оддржи спектакл за паметење. Празник за
уши за сите оние кои ја сакаат музиката и гласот на Марија Шерифовиќ.

Публиката ќе има прилика да ужива во најголемите хитови како што се: “Молитва”, “Бол до лудила”, “Паметна и луда”, “Горка храброст” и многу, многу други.

Билетите за овој спектакуларен концерт кој се оддржува за прв пат кај нас, пуштени се во продажба од денес (28.12.2017) и истите може да се набават на сите продажни места на КупиКартиЗаСе, Пола Југотон, Југотон, Цвеќара “Розе” – Веро2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.