Музика

ЕВРОВИЗИСКИ СКАНДАЛ: Хрватската песна потсетува на нумера од „Фроузен“ (ВИДЕО)

Кон крајот на минатата недела Хрватска ја промовираше песната што ќе ја претставува земјата на овогодшниот Избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Киев.

Станува збор за нумерата „My Friend“ во изведба на популарниот хрватски пејач Жак Худек.

Меѓутоа, како што јави загрепскиот портал Индекс, веднаш по промоцијата на песната, многумина корисници на социјалните мрежи почнаа да коментираат дека нуемара „им е позната од некаде“ и дека „веќе ја слушнале“.

Некои корисници на социјалните мрежи сметаат дека песната „My Friend“ на Худек „многу потсетува“ и е „евидентно слична“ со нумера од анимираниот филм „Фроузен“ на „Дизни“.

Злобниците одат и дотаму што наоѓаат сличност и во текстот, наведувајќи дека Худек пее „Don’t Let Go“, а во филмот Елза пее „Let Go“.