среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 107
home Музика

Една од најголемите британски поп рок атракции доаѓа во Скопје

Една од најголемите британски поп рок атракции доаѓа во Скопје

Една од најголемите британски поп рок атракции на сите времиња, групата „Texas“, за прв пат доаѓа на Балканот, а во Македонија ќе настапи во рамки на вториот фестивалски викенд „SKOPJE CALLING“ – 2018 година, што ќе се одржи во сабота на 23 јуни.

„Texas“ до 2018 година имаат продадено албуми во 40-милионски тиражи. Имаат неверојатни 13 синглови што се најдоа во престижната UK топ 10 листа, три албуми што се најдоа на врвот на UK листата и осум албуми на UK top 10, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board“ кој е издаден во мај 2017 година.

Пејачката Шарлин Спитери во Скопје ќе настапи со сите свои хитови: „Say What You Want“, „Inner Smile“, „I Don`t Want A Lover“, „Summer Sun“, „In Demand“ и уште многу други.

Се очекува едно извонредно шоу за сите генерации.