Музика

Џорџ Мајкл починал од природна смрт

Пејачот Џорџ Мајкл починал од хронична болест на срцевиот мускул – кардиомиопатија, миокардитис и масен црн дроб, соопштија денеска истражителите.

– Потврдена е природна смрт, боледувал од  кардиомиопатија, миокардитис и масен црн дроб, а истрагата е прекината и нема потреба од натамошна истрага или испитувања, изјави главниот лекар кој ја работеше обдукцијата.

Џорџ Мајкл беше пронајден мртов на 25 декември во својата куќа во Лондон, а во јавноста се шпекулираше за причините за неговата смрт.