Музика

Џибони: Влатко Стефановски и Оливер Драгојевиќ се мојата фамилија

За хрватскиот пејач Зла­тан Сти­пи­шиќ – Џи­бо­ни нашиот Влатко Стефановски и неговиот сограѓанин, сплиќанецот Оливер Драгојевиќ се фамилија.

„Фамилија“ е албумот на Џибони и Драгојевиќ кој утре во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го промовираат на концерт кој почнува во 21 часот.

Иа­ко двај­ца­та не­кол­купа­ти ве­ќе го­сту­ва­ле во Скоп­је, ни­ко­гаш не­ма­ле за­ед­нич­ки кон­церт пред скоп­ска­та пуб­ли­ка. За­ед­нич­ки­от ма­те­ри­јал на Џибони и Драгојевиќ „Фа­ми­ли­ја“, е сни­мен и инс­пи­ри­ран од нив­на­та жи­вот­на при­каз­на и случ­ки. Ал­бу­мот е сни­ман во сту­ди­ја во Лос Ан­џе­лес, Па­риз, За­греб и Ри­е­ка и на не­го со­ра­бо­ту­ва­ат врв­ни му­зи­ча­ри ка­ко Пи­но Па­ла­ди­но, Ма­ну Ка­че, Стив Сти­венс, Ма­ти­ја Де­диќ, Ми­рос­лав Та­диќ, Ел­вис Ста­ниќ…

1oliver

„Фа­ми­ли­ја“ сво­ја­та служ­бе­на кон­церт­на про­мо­ци­ја ја до­жи­веа на спе­кта­ку­лар­ни­от кон­церт во За­греб. Ова е де­сет­ти сту­ди­ски ал­бум за 25 го­ди­ни иск­лу­чи­тел­но бо­га­та ка­ри­е­ра.

Токму Стефановски е изненадувањето кое беше најавено за скопскиот концерт.

– Јас не се врзувам за згради и улици, туку за луѓе, за храна и за музика. А кога доаѓам во Скопје, прва асоцијација ми се Гордана и Влатко Стефановски и затоа нив ги чувствувам како своја фамилија. Се разбира и Оливер. Ние во Сплит живееме многу близу, на околу 250 метри одалеченост. Но, кога и двајцата сме заедно на островот Корчула се гледаме секој ден- изјави Џибони.

Џибони со Стефановски се познаваат од 1987 година, а Драгојевиќ уште порано.

djiboni i vlatko

 

– Стефановски со своето семејство доаѓа на лето во Хрватска и јас тие неколку денови додека летуваме, се обидувам да му вратам за гостопримството – вели Џибони.

За утрешниот концерт се најавува вистински спектакл, кој ќе трае четири часа и на кој освен песните од албумот „Фамилија“ двајцата пејачи ќе ги изведат и своите хитови.