Музика

Џаред Лето и неговата група го претставија својот нов сингл по четиригодишна пауза

Групата „Thirty seconds to Mars“, што ја предводи глумецот, кој воедно е и пејач, Џеред Лето, го претстави првиот сингл од новиот, четврти албум.

Новата песна е именувана „Walk оn Water”, а воедно е и првата по албумот „Love lust faith + Dreams” од 2013 година.

– По четири долги години, стотици денови, илјадници часови и безброј секунди, конечно завршивме една песна. Искрено, сите ни недостасувате. Едвај чекаме да се вратиме да настапуваме и многу сме горди и нестрпливи да го споделиме со вас првиот сингл од новиот албум, изјави Лето.

Песната „Walk оn Water”, е дело на Џеред Лето.

Спотот за песната премиерно ќе биде прикажан на овогодинешното доделување на „МТВ“ наградите на 27 август.