Музика

„Деспасито“ го прослави, но новата песна на Фонси веќе руши рекорди (ВИДЕО)

Луис Фонси, авторот на мегапопуларната „Деспасито“, има нова песна која судејќи по прегледите на ЈуТјуб ќе стане нов хит.

За само два дена, песната има над 18 милиони прегледи.

Во песната „Echame La Culpa“ на Луис му се придружи и Деми Ловато, а се поизвесно е дека латино ритамот на Фонси и овој пат ќе го полуди светот.

Триесет и девет годишниот музичар од Порторико зад себе има 20 години музичка кариера, а сензација стана преку ноќ.