Музика

Боуви посмртно ја доби „Брит Аворд“ наградата за соло изведувач

Рок легендата Дејвид Боуви постхумно ја доби најзначајната британска музичка награда – за најдобар соло изведувач, но и онаа за албум на годината, за „Blackstar”, на доделувањето на годинешните „Брит Авордс“.

bouvi

Ова е прва постхумно доделена „Брит“ награда во историјата на манифестацијата.

Боуви почина во јануари минатата 2016 година. Наградите во негово име ги прими неговиот син Данкан Џонс.

Организаторите на церемонијата му оддадоа почит и на Џорџ Мајкл кој почина во декември.