Филм

За премиерата на воениот трилер „Man Down“, продаден само еден билет

Воениот трилер „Man Down“ минатиот викенд имаше премиера во Велика Британија со заработувачка од седум фунти, бидејќи за проекцијата бил продаден само еден билет.

MAN_DOWN_0131.ARW

Режисер на филмот е Дито Монтиел, а Шиа Лабуф глуми маринец кој се враќа дома од Авганистан, каде увидува дека Америка е пост-апокалиптична пустина. Целта му е да ја пронајде својата жена (Кејт Мара) и синот (Чарли Шотвел). Во филмот уште играат и Џаи Кортни и Гери Олдман.

Филмот премиерно е прикажан на филмскиот фестивал во Венеција 2015 година.

И покрај катастрофалниот старт во Велика Британија, филмот во Америка заработи 454.000 долари.