Филм

ВИДЕО: Новиот трејлер за „Убавицата и ѕверот“ ќе ве одведе во светот на бајките

Најновиот трејлер за филмската верзија на „Убавицата и ѕверот“ открива многу сцени кои ќе ве „зграпчат“ и инстантно ќе ве одведат во светот на бајките.

Во позадина во видеото се слуша популарната песна „Beauty and the Beast“, но овојпат во изведба на Џон Леџенд и Аријана Гранде.

1ubavica i zver

„Убавицата и ѕверот“ е во режија на Бил Кондон, а ќе ги привлекува обожавателите на Дизни во киносалите од 17 март.

Ема Вотсон ќе ја глуми незаборавната Бела, Ден Стивенс ќе влезе во улогата на Ѕверот, а Лук Еванс ќе стане арогантниот Гастон.