Филм

Тажен крај на славниот актер: Сите го заборавија, се бореше со болеста и не знаеше како се вика

Актерот Гордон Кеј кој стана славен со улогата на Рене Арто во серијата на ББС „Ало Ало“ почина во понеделникот.

Тој изминативе две години ги минал во дом за стари лица и се борел со деминенција. Утврдено било дека починал откако му октажале бубрезите.

-Веќе некое време не беше во добра здравствена состојба и се бореше со неговата болест. Кога му се појавија проблемите со бубрезите докторите не предупредија дека тоа може да биде кобно за него. Не сум толку тажен за неговата смрт затоа што веќе одамна знаевме дека нема да може да се опорави, изјавил за Дејли Мелј, Рејмонд Шатерволд, сопруг на една од роднините на Гордон.

Тој додал дека поради тешката болест Кеј веќе никого не можел да препознае, ниту да се сети на сопственото име.

-Зборуваше бесмислици. Не можеше да се препознае себеси, ниту да се сети на своето име. Персоналот кој се грижеше за него многу му помагаше. Тоа не беше живот, туку преживување. Беше сосема сам, никој не го посетуваше. Навистина тажно, завршил Шатерволд.