Филм

Семејството Хјустон згрозени од филмот за животот на Боби Кристина

Премиерата на филмот за трагичниот живот на прерано починатата Боби Кристина Браун е закажана за 8 октомври.

Филмот ќе се занимава со несреќниот живот на ќерката на Витни Хјустон, нејзиниот однос со мајката, на која наводно била љубоморна, со посвоениот брат, а подоцна и сопругот Ник Гордон.

Семејството Хјустон наводно биле згрозени како Боби е прикажана во трилерот и сметаат дека ова е само начин за заработувачка врз основа на трагедиите на едно познато семејство.

Од актерите во проектот најпозната е Вивика А. Фокс (53) која ја глуми игра Пет Хјустон.

Боби Кристина беше пронајдена  без свест во нејзината када на 31 јануари 2015 година. Беше во кома шест месеци. Имаше 22 години. Поради сериозните повреди на телото нејзиниот сопруг Ник Гордон беше под истрага.