Филм

Премиернa проекција на “Железната приказна” – краткометражен игран филм во режија на Златко Калеников

Вчеравечер во МКЦ (киното Фросина) се одржа премиерата на краткометражниот игран филм “Железната приказна” во режија и по сценарио на Златко Калеников.

kalenikov

Главните улоги  во филмот ги толкуваат: Јелена Јованова Периќ, Бајрам Северџан, Моника Бошковиќ, Катина Иванова, Диме Илиев, Предраг Павловски, Игор Спироски.

„Железната приказна“ третира една актуелна тема, а сценариото беше инспирирано од еден текст во рубриката за криминал во весниците пред 7 години. Ми требаше итро, харизматично и убаво девојче кое ќе го носи филмот, и ја најдов Моника. Додека пак кога го пишував сценариото еден од ликовите го пишував токму за Бајрам Северџан. Тогаш не знаев дали ќе го добијам, но бев упорен и успеав да го ангажирам – вели режисерот Калеников.

1kalenikov

Би сакала да се заблагодарам на режисерот Калеников Златко за шансата да бидам дел од екипата на Железната приказна. Ми беше задоволство да глумам со познати глумци и ми беше убаво што сите беа возрасни, а јас дете.” – изјави малата Моника Бошковиќ.

Филмот е базиран на емотивно доживување кој за основна тема зема еден секојдневен актуелен случај виден во очите на најневиниот набљудувач, детето.

Сценариото и режијата се на Златко Калеников, а авторската екипа ја сочинуваат: Дејан Димески – директор на фотографија, сценографија Кирил Спасески, костимографија  Жаклина Крстевска, монтажата е на Атанас Георгиев, а кастингот на Катерина Грубач. Продуцент на филмот е Ивана Шекуткоска.

2kalenikov4

Филмот е продуциран од Стримон Филм Скопје и е во копродукција на  ФX3X.

Старо железо се снимаше на повеќе интересни локации во Скопје, Хидрометеролошки Завод, Керамидница, Центарот на Скопје, Кејот на реката Вардар, Фитнес Центарот Синерџи, Здравствен дом Скопје/ Идадија, Депо на Македонски Железници Скопје итн.

Филмот  е финансиски поддржан од Агенција за филм на Република Македонија. Поддржан е и од Асоцијација Иницијатива за социјална промена, ИнСоК – Скопје и од Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС.

По премиерната проекција беше одржана коктел забава каде беа присутни познати личности од филмската и музичката сцена.