Филм

Поради превисоки барања ја изгуби улогата во „Ла Ла Ленд“

Популарната британска актерка, 26-годишната Ема Вотсон била првиот избор за главна женска улога во „Ла Ла Ленд“, мјузиклот номиниран дури за 14 Оскари.

 

Наместо Вотсон, улогата ја доби две години постарата Ема Стоун, пишува Индипендент.

-Бараше пробите да бидат во Лондон и сакаше поголем хонорар, вели извор близок до актерката.

Младата Британска сигурно зажалила поради превисоките барања, особено поради номинацијата за Оскар во категоријата Најдобра главна женска улога која и припадна на Ема Стоун.