Филм

Почна снимањето на продолжението на „Мама миа“

Хитот од пред една деценија, филмот „Мама Миа” ќе добие свое продолжение со наслов „Mamma Mia! Here we go again!”. Сценариото е на Ол Паркер, а режијата и припадна на Филида Лојд. Снимањето започнува денеска, соопшти „Universal Pictures”.

Десет години по првиот филм мјузикл што заработи над 600 милиони долари ширум светот, публиката ќе се врати на грчкиот остров Калокери, на звуците на нови композиции засновани на песните на некогашната легендарна група АБА.

Продолжението ќе го продуцираат Џуди Крајмер и Гери Гоцман. Крајмер е и продуцент на театарскиот мјузикл од кој произлезе филмската сага.

Оскаровката Мерил Стрип ќе ја повтори улогата на Дона, како и повеќето од актерската екипа од првиот дел. Ново лице во тимот е Лили Џејмс која ќе го толкува ликот на Дона во младите години. Бени Андерсон и Бјорн Улваес од групата АБА беа ангажирани за музиката и за текстот за филмот.

Премиерата е закажана за 19 јули наредната 2018 година.