Филм

Одглумија легендарно во неверојатни филмски класици но не освоија Оскар

Мерил Стрип ќе биде запишана во историјата на Холивуд како актерка која до сега имала 20 номинации за Оскар.

Од друга страна, голем број на холивудски актери и покрај неверојатните актерски перформанси кои ги оствариле во култни филмови не биле номинирани за Оскар. Доколку не сте ги гледале овие филмови, ви препорачуваме да ги погледнете, бидејќи нудат добра приказна и извонреден актерски перформанс.

Изабела Роселини во филмот „Blue velvet“

oskar.gif6

Талентираната ќерка на актерката Ингрид Бергман и режисерот Роберт Роселини, Изабела Роселини дебитирала во филмот „Blue velvet“. Многу критичари сметаа дека Изабела уште тогаш требала да биде номинирана за Оскар. Номинација за оскар според нив заслужила и за споредната улога во филмот „Joy“.

Гаел Гарсија Бернал во филмот „ Amores Perros“

oskar.gif5

Талентираниот актер Гаел јавноста ја освои со улогата во филмот „ Amores Perros“. Неговото дебитирање беше забележано од критичарите но сепак не доби номинација за Оскар.

Ален Рикман и Кејт Винслет во филмот „Sense and Sensibility “

oskar.gif4

Талентираниот британски актер Ален Рикман ги освои симпатиите на британската академија но не и на американската. Доби номинација за наградите БАФТА за улогата во филмот „ Sense and Sensibility “. Сепак овој легендарен актер никогаш не е номиниран за Оскар.

Стиви Бушеми во филмот „Reservoir dogs “

oskar.gif3

Еден од омилените актери на Квентин Тарантино, Бушеми има остварено повеќе од 100  улоги но нема добиено ниту една номинација за Оскар. Според многу критичари неговата улога во култните филмови „Reservoir dogs“, „Fargo“ и „The big Lebowski “,  Бушеми заслужувал да добие номинација за Оскар.

Скарлет Јохансон во филмот „ Lost in Translation “

oskar.gif2

Со улогата во филмот „Lost in Translation“ Скарлет Јохансон се докажа како вистинска актерка која има талент да го освои Холивуд. Истата година кога беше премиерата на „ Lost in Translation “ излезе и филмот „The girl with the pearl earring“ во кој исто така глумеше Скарлет. Сепак и покрај неверојатната глума и во двата филма, Скарлет не доби номинација за ниту еден од нив.

Џим Кери и Кејт Винслет во филмот „Eternal Sunshine of the Spotless Mind“

oskar.gif1

И покрај тоа што најчесто Џим Кери го поврзуваат со актерски остварувања во комедии, сепак тој има најмалку четири улоги во останати жанрови во кои тој се покажа како неверојатен актер. Во филмот „Eternal Sunshine of the Spotless Mind“ покажа неверојатна глума, исто така и во филмовите „The Truman show“, „Man on the Moon“ и „How the Grinch Stole Christmas“.

Мерилин Монро во филмот „Some like it hot“

oskar

Филмската дива Мерилин Монро беше вистинска холивудска сензација во 50-те и 60-те години од минатиот век. За својата улога во филмот „Some like it hot“, Мерилин добива Златен глобус, но не и номинација за Оскар.