Филм

Невиден скандал на самиот крај: Оскарот по грешка заврши кај „La La Land“

Каков крај на 89-то доделување на Оскарите! Замислете дека сте добиле Оскар за најдобар филм и одеднаш ви велат дека сето тоа е…Грешка!

oskar

Екипата на „La La Land“ остана во шок на сцената, откако дознаа дека Оскарот за најдобар филм, не им припаднал на нив, туку на „Moonlight“.

Ворен Бити, кој заедно со Феј Данавеј ја имаше честа да ја додели оваа награда, се обиде да објасни дека направил ненамерна грешка, но тоа не го намали шокот што настана во театарот. Ова несомнено беше момент што никогаш претходно не се случил на Оскарите, па сите се прашуваа дали станува збор за шега или навистина се случила грешка. „La La Land“ беше на добар пат да влезе во филмската историја со 7 Оскари, но за малку не го освои најважниот. Филмот доминираше во категориите како режија, музика и најдобра женска улога.

Оскарот за најдобра машка улога заврши во рацете на Кејси Афлек, додека наградите за споредни улоги ги добија Вајола Дејвис и Машершала Али.