Филм

Кој актер требало да глуми во Титаник наместо Леонардо ДиКаприо?

Улогата на Џек требало да ја одигра друг познат холивудски актер , но Камерон инсистирал и улогата на крајот му припаднала на ДиКаприо.

Кога на обожавателите на филмот “Титаник” ќе им ја споменете сцената во која се појавуваат Џек и Роуз, им навираат созли за очите, се троши по едно пакување марамчиња, но засега затворете ги очите и во главната улога наместо Леонардо ДиКаприо замислете го Метју Меконахи.

Она што е сигурно е дека “Титаник” би бил потполно поинаков со Меконахи.

-Сум била на аудиција со Метју Меконахи, беше фантастично! Прв пат ова јавно го кажувам! Но едноставно тоа не би била приказната Џек и Роуз, Кејт и Лео- изјавува Кејт Винслет во емисијата на Стивен Колберт и додала дека студиото кое го вршеше снимањето на овој филм сакало улогата на Џек да ја игра Метју Меконахи, но режисерот Џејмс Камерон инсистирал улогата да му припадне на Леонардо Ди Капри и на крајот така и беше.