Филм

Клаудија Кардинале заштитно лице на јубилејното издание на „Кан“

Организаторите на 70-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Кан, којшто годинава се одржува од 17 до 28 мај, соопштија дека заштитно лице на плакатот на фестивалот ќе биде италијанската глумица Клаудија Кардинале.

kanski filmski festival

Станува збор за стилизирана фотографија направена во Рим во 1959, каде глумицата стои на еден покрив, на којашто таа е „радосна, слободна и смела“, како што гласи мотото на годинешниот фестивал, се наведува во соопштението.

Клаудија Кардинале, инаку родена 1938 година, се прослави со филмовите „Осум и половина“ (1963), на култниот италијански режисер Федерико Фелини и „Беше еднаш на Дивиот Запад“ (1968), на Серџо Леоне, кој се прослави со своите „шпагети вестерни“.

Списокот на филмовите конкуренти за Златната палма, ќе биде соопштен во средината на април.

Шпанскиот режисер Педро Алмодовар ќе биде претседател на жирито, а домаќинка на церемонијата – глумицата Моника Белучи.