Филм

Калашникови, деминирање и многу алкохол: Морничави детали од снимањето на филмот „Убавите села, убаво горат“

Поминати се точно две децении откако е снимен филмот на Срѓан Драгоевиќ „Убавите села, убаво горат“ , по приказната на Вања Булиќ.

Филмот многу брзо стекна статус на култен филм, но и покрај тоа голем број на работи поврзани за филмот остануваат непознати.

Војниците кои се појавуваат во филмот не се статисти, туку се вистински воени лица. На еден од војниците, продукцијата му остана должна за една дневница, па тој на сетот се појави со кашикара и се заканил дека ќе ги разнесе ако не му ги дадат парите. Дневницата била 20 марки, пишува српски Блиц.

Никола Пејаковиќ Кољо, на паузите за снимање ги поминувал со лицата кои вршат деминирање. Оделе на секоја локација пред екипата за да проверат дали има мини.

lepa-sela-lepo-gore.jpg1

Сцената во која Пејаковиќ и Драган Белогрлиќ играат кошарка едвај била снимена, бидејќи Кољо бил многу пијан. За да прослават за успешното завршување на сцената, се фотографирале сите, но на тоа Кољо не се сеќава.

Бидејќи снимале во воена област, морале да соработуваат со воените старешини, а некои од нив завршиле во Хаг.

Многу е тешко да се зборува за тоа денеска. Тоа не беше нормално снимање. Тоа не беше нормална ситуација, размислувањето не ни беше како што ни е денеска, изјавил Кољо, косценарист и актер.