Филм

Какво возило има Хомер Симпсон?

Симпсонови се едно од најпознатите семејства во САД, но и во цел свет.

simpsonovi

Сепак, има една загатка, која веќе над 20 години ги забавува љубителите на автомобили: Каков автомобил вози Хомер Симпсон?

Досега, возилото немаше никаква ознака на кој и да е бренд, па „се веруваше“ дека тоа потекнува од Хрватска, а е склопено од стари руски тенкови.

Креаторите ја разрешија и оваа мистерија – главата на семејството Симпсон вози „Плимаут Џанкерола“ од 1986 година. Тие признаваат дека инспирацијата им дошла од Плимаут, бренд од 80-те години на минатиот век.

Како и да е, квалитетот на возилото е докажан, бидејќи тоа надживеа многу попознати брендови. Кој не би посакал ваков автомобил?!