Филм

Холивудски актер призна дека е згрозен од бакнување колешки за време на снимањето

Холивудскиот актер Чарли Хунам, ѕвезда на популарната серија „Sons of Anarchy“ и несудениот Кристијан Греј во еротската трилогија „Педесет нијанси сиво“ според многумина го живее животот од соништата: освен што добро заработува, во текот на снимањето филмови и серии има можност да бакнува преубави жени, наведува Фена.

Но, за 36-годишниот актер, како што призна самиот, тоа е најлош ноќен кошмар. Русокосиот убавец уште од детстово се бори со стравот од бактерии, па како најлош дел од работата го наведува токму разменувањето нежности со колешките.

– Целиот живот слушам дека сум среќник. затоа што можам да се бакнувам со многу убави жени, но мене тоа ми е ужасно, искрено рече тој.

За жал на голем број обожавателки, Чарли во вистинскиот живот сака само една жена, 33-годишната дизајнерка на накит, Морган Мекнилс, со која веќе 12 години се во среќна врска. Минатата година, Морган се најде и на удар на неговите обожаватели кои непрекинато ја навредувале на социјалните мрежи, поради што морал да реагира и самиот Чарли.

– До ова ме доведе фактот што моето внимание го привлече група многу незрели девојки, кои објавуваат голем број навредливи и остри коментари насочени против мојата долгогодишна девока, и јас,  на овој начин, ве молам да престанете со тоа. Таа е интелегентна, убава и добра личност, која нема никаква врска со забавната индустрија. Ако сакате да бидете лоши, бидете кон мене, а неа оставете ја на мира. Тоа што најмногу збунува е фактот што тие личности се нарекуваат мои обожавателки, им порача тогаш Чарли.