Филм

Хакери ги украле наредните епизоди од „Игра на тронови“, ќе ги пиратираат пред премиерата!

Додека фановите со нетрпение ја очекуваат секоја епизода од новата сезона на „Игра на тронови”, хакери објавија дека ги имаат „украдено“ наредните епизоди и се закануваат дека ќе ги пиратираат пред нивната премиера.

Имено, како што пренесува „Ентертејнмент Викли“, заштитата на ХБО е пробиена, и оттаму се преземени 1,5 терабајти податоци.

Од украдените фајлови, хакерите пуштија онлајн необјавени епизоди од сериите „Ballers” и „Room 104″, како и трејлери за следната четврта епизода од „Игра на тронови”.

Од ХБО го потврдија хакирањето, но не открија што се се наоѓа во посед на хакерите, кои се закануваат и дека „наскоро следи уште повеќе”.

Киберкриминалците испратија дел од хакираната содржина и до одредени новинари.